Филипче: Болницата „Мала Богородица“ станува Ковид центар лекувањето ќе биде на трошок на државата

Денеска се одржа состанокот помеѓу сопствениците на приватните болници „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“ и министерот Венко Филипче на кој се договорија условите и начинот на кои и приватните болници ќе помагаат во борба со коронавирусот.

Вечерва постигнавме договор и постигнавме капацитет од 100 кревети. Заеднички се договоривме болницата „Мала Богородица“ старата „Систина“, да се користи како инфективно одделение на кое ќе се примаат болни од Ковид-19.

„Постигнавме договор да го користиме стариот објект на „Систина“, болницата „Мала Богородица“, со која добиваме дополнителен капацитет од 100 кревети“, рече Филипче кој одговори кој ќе ги плаќа трошоците за пациентите кои ќе се лечат таму.

Прогнозите се дека до крајот на неделата ќе почне со работа.

Кадарот што ќе работи таму е целосно од тимовите на трите приватни болници, а трошокот ќе биде на сметка на државата, појасни министерот Венко Филипче.