Настојувам да се отвори посебно поглавје во преговарачката рамка со Северна Македонија и таму да бидат поставени сите критериуми за добрососетство, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев за БНТ.
Според него, Бугарија мора да ги брани својата историја, јазикот и идентитетот.
„Никој освен нас самите не може да го направи тоа. Убеден сум дека соработувајќи отворено со нашите соседи и браќа, ќе го најдеме вистинското решение. Бидејќи Договорот за добрососедство не води кон тоа, имаме право да бараме други средства. Бугарија не е кандидат за членство, туку Северна Македонија. Таа мора да одлучи дали ќе продолжи со идеологиите на омраза од минатото или ќе почне демократски развој“, изјави Радев.