Со вчерашната одлука на Владата, со цел реализирање на четвртиот сет на економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19, Министерството за економија префрлува 60.000.000 денари за справување со КОВИД-19 кризата на посебна сметка на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, како буџетски придонес за реализација на мерката. Бескаматни кредити со 30% грант компонента за микро и мали претпријатија (ММП) преку Развојна банка на Северна Македонија.
Преку оваа мерка ќе се воведе нова бескаматна кредитна линија која ќе биде лансирана со грант средства од Европската унија. Кредитната линија ќе биде отворена за сите микро и мали компании, а истата ќе понуди 30% грант за компаниите кои се водени или основани од жена, кои вработуваат млади лица, кои се извозно ориентирани или кои ќе воведат иновации, дигитализација и е-трговија во нивното работење.
Вкупниот износ на средства за реализација на оваа мерка изнесува 1,9 милијарди денари (31.000.000,00 евра) од кои 30.000.000,00 (триесет милиони) евра ќе се обезбедат преку Делегацијата на Европска Унија а 60.000.000,00 (шеесет милиони) денари или околу 1 милион евра се национално ко-финансирање буџетирани од Министерство за економија.
На предлог на Министерството за економија беше разгледана и усвоена Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за развој на туризмот за 2020 година, со што транспарентно и ефикасно ќе се вратат средствата директно на сите кои во 2019 година имаат уплатено туристичка такса.
Министерството за економија за реализација на оваа активност објавува јавен повик и подготвува онлајн апликација каде што сите субјекти поднесуваат електронска апликација со приложување на документација. Комисија формирана од министерот за економија извршува евалуација на апликациите и изготвува Записник и Решение за исплата на средства за тие кои исполнуваат услови согласно Јавниот повик.
За реализација на оваа активност во Буџетот се обезбедени средства во износ од 120.000.000,00 денари. За реализација на оваа активност е предвидено износот на грантот да се определи согласно вкупниот приход на правното лице во претходната година, бројот на вработени и типот на лиценцата за работа.
Максималниот износ на Грантот за туристичките агенции кои имаат лиценца Б ќе изнесува 180.000,00 денари додека максималниот износ за туристичките агенции со лиценца А изнесува 430.000,00 денари.
Оваа активност ќе се реализира во периодот ноември и декември 2020 година и за истата во Буџетот се обезбедени средства во износ од 116.850.000,00 денари.
Со мерката е предвидено доделување на грантови за туристички водичи како самостојни вршители на дејност во Република Северна Македонија.
Право на аплицирање ќе имаат туристички водичи кои поседуваат важечка Лиценца и не се во редовен работен однос.
Со мерката е предвидено износот на грантот да изнесува 65.000,00 денари по апликант.
Оваа активност ќе се реализира во периодот ноември и декември 2020 година и за истата во Буџетот се обезбедени средства во износ од 9.800.000,00 денари.