На синоќешниот протест во Куманово организиран од ВМРО-ДПМНЕ против загадувањето на воздухот, Игор Божиновски истакна дека не случајно Куманово е во фокусот на оваа тема затоа што Куманово за жал на сите нас, на сите Кумановчани, минатата зима беше лидер по енормното загаденост со познатите ПМ-10 честици. Лидер не само во Република Македонија, не во Европа туку во светски рамки рамо до рамо со најзагадените градови во светот, со градовите во Индија, рече Божиновски.
За жал песимистички се прогнозите и за оваа есен, и за оваа зима што се пред нас. Сега секако зајакнати со актуелната пандемија со КОВИД-19 вирусот.
– Во овие три години Максим Димитриески ги истроши без да спроведе ниедна конкретна мерка со што ќе го намали загадувањето во Куманово кое е од огромни размери и е огромна штета по животот и здравјето на нашите сограѓани. Три години Максим Димитриески не превзема ниту еден проект ја нема ниту она фамозна интензивна гасификација. Ги нема никаквите најавени мерки на краток и на среден и на долг рок за да се справи со огромната загаденост во нашиот град но секако сега со влез во последната година во мандатот на градоначалникот ќе се наслушаме разно разни шарени лаги за проекти кои тој планира да ги спроведе за да колку толку добијат чист воздух граѓаните но тие исти граѓани заедно со ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ќе го потсетуваме дека тие негови проекти не само што требаше да бидат започнати досега туку огромен дел од нив требаше да бидат и завршени, изјави Божиновски.
ВМРО-ДПМНЕ за овој прв протест се реши на симболичен начин да му остави на градоначалникот една тегла со чист воздух за него и за неговата општинска администрација.
– И му се извинуваме овој пат на Максим Димитриевски затоа што првичната идеја не можевме да ја реализираме да му оставиме толкав број на тегли колку што има ПМ-10 честички во воздухот во Куманово, истакна Божиновски.