Започна грејната сезона, но не за сите. Граѓаните се жалат дека во делови од централното подрачје на Скопје се уште нема парно греење. Остри реакции и критики се нижат на социјалните мрежи, но претседателот на Регулаторната комисија за енергетика вели дека до сега никој не се пожалил дека нема греење.
-Парното стартуваше од 15 октомври како што е предвидено и функционира без никаков проблем. Ние до сега немаме ниту една поплака од граѓаните. Имаме реакции дека во одредени згради кои што имаат висока енергетска ефикасност во одреден период од денот се прегреваат, така да операторот најмногу го оптимизира системот , вели Марко Бислимовски претседател на Регулаторна комисија за енергетика
Според правилникот за парно греење, температурата треба да биде под 12 степени целзиусови, за да се пушти топлинска енергија во домаќинствата.