Најнаселената американска држава Калифорнија започна одбројување што би било незамисливо пред неколку години: се стреми кон иднина во која ќе се продаваат само автомобили со нулта емисија на штетни гасови.

Државата има намера драстично да го намали издувот на автомобилот и од 2035 година наваму ќе дозволи продажба на само нови возила без штетни емисии. „Ова е најефикасниот чекор што нашата држава може да го преземе во борбата против климатските промени“, рече гувернерот Гавин Њусом, цитиран од Блумберг во средата.

Калифорнија станува првата држава што воведе ваква забрана и го предизвикува најголемиот шок досега за производителите на автомобили, кои веќе се под притисок да се откажат од традиционалните горива и да испорачаат нова генерација на електрични возила.

Гувернерот појасни дека наредбата ќе важи и за камионите. Предолго, на автомобилите им беше дозволено да го загадуваат воздухот со своите издувни гасови. Во моментов, транспортниот сектор е одговорен за над 50 проценти од емисиите на стакленички гасови