Поранешниот заменик-министер за образование, Петар Атанасов, во разговор за Фактор, предлага новата учебна година да започне точно еден месец подоцна, а дотогаш да се создадат сите услови, онаму каде што може за безбедно одвивање на образовниот процес. Смета дека е изгубено драгоцено време за подготовка, бидејќи, како што потенцира, летово никој ништо не таботеше, па претстојниот септември, би бил доволен за да се преземат сите мерки за да може наставата да почне непречено.

Екс-заменик министерот истакнува дека нашиот образовен систем не функционира и додава дека дека на ваков начин не може да се произведе ниту значаен ниту значителен квалитет.

Физичкото присуство не е најприоритетната работа во овој момент, појаснува Атанасов, но како социолог смета дека е од исклучителна важност да одат во училиште, бидејќи децата во таа средина се социјализираат, учат едни од други, се дружат, наставниците работат со нив, тие созреваат како личности.