Првиот петок во август се слави низ целиот свет како Меѓународен ден на пивото, така што денес сите љубители на пивото го слават својот ден.
Меѓународниот ден на пивото можеби не е најпознатиот празник на светот, но тој е најдобар за секој љубител на пиво.
Треба да се спомене дека пивото е постаро од многу современи религии, а Меѓународниот ден на пивото можеби не изгледа различно од обичниот петок, но сигурно е на место да се знае кој ден се слави денес.
Пивото е здраво, што е потврдено со бројни студии. Содржи Б витамини, калиум, магнезиум, а умерено консумирање може да помогне при многу здравствени проблеми.
Пивото е диуретик и оние кои го пијат имаат помала веројатност да развијат камења во бубрезите. Пиењето пиво е добро за спречување на кардиоваскуларни заболувања и дијабетес тип 2.
Пивото исто така содржи антиоксиданти, а докажано е дека пивото дури и убива вируси. Важно е да се каже дека заради витамин Б, пивото помага при меморијата, ги зајакнува мускулите и го намалува стресот.