Убедувањето на децата да носат маски за лице може да биде предизвик за родителите во 2020 година.
Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорачуваат сите деца на возраст над две години да носат заштитни маски за лице за да го намалат ширењето на коронавирусот.
Лекарите, психолозите и родителите откриле некои од најдобрите стратегии за да ги убедат малите деца да носат маски.
Секое дете е различно, што значи дека родителите треба да одвојат време да размислат за тоа како нивното дете може да се справи со новата обврска да носи маска за лице, пишува Си-Ен-Ен.
“Родителите треба да си постават серија прашања пред да се обидат да осмислат стратегија за тоа како да ги убедат децата да носат маски. Тие треба да се запрашаат: Што е важно за моето дете? Како ги разбира моето дете информациите? Во која мера маската би го вознемирила детето“, вели Др.Џенифер Сиола, педијатар.
Малите деца можат да бидат исплашени кога ќе видат други луѓе со маски, бидејќи не се во можност да го препозаат лицето.
Родителите не можат едноставно да очекуваат малите деца да разберат зошто треба да носат маски за лице, мајките и татковците тоа мора да им го објаснат со зборови и термини што децата можат да ги разберат.
“Можете да го објасните вирусот во предучилишните установи како негативна појава и дека луѓето мора да сторат сé за да ги заштитат белите дробови и телото од тоа. Родителите треба да им објаснат на децата дека носењето маски за лице не е само за нив, туку и за другите”, препорача Лиза Суарез, доцент на клиничка психијатрија на Универзитетот во Илиноис.
Корисно е да се кажат работи како „Маски за лице ги намалуваат шансите да заразиме други“ и „Ако сите носиме маски, ќе се заштитиме“, рече Суарез.
Друг начин да ги убедите децата да носат маски е да им се овозможи да изберат маска за себе. Децата сакаат маски во бои, со цветна шема, со диносауруси, со нивните омилени ликови од цртаните и така натаму.
Можете исто така да ги научите како сами да направат маска.
„Мора да истраете во своите цели и да ги претворите маските во игра“, препорачуваат детските психолози. Можете исто така да направите маски за омилените кукли на вашите деца со цел тие да станат дел од нивната околина.