Првиот пат кога го прележала вирусот немала симптоми и по два негативни теста се вратила на работа. Но, неодамна здравствената состојба почнала да и се влошува, па се пријавила на преглед со температура и клиничка слика која укажувала на воспаление на бели дробови. Затоа и бил направен ПСР тест, кој покажал позитивен резултат на коронавирусот.
Нејзина колешка пак, дознала дека е позитивна при рутински тест, кој и бил направен откако се пријавила да донира крвна плазма за лекување на другите заболени лица од ковид-19. Првиот пат се лекувала во домашни услови, па со два негативни теста и таа се вратила на работа.
Директорката на болницата, д-р Снежана Захариева, за „360 степени“ вели дека медицинските сестри сега се изолирани по истите протоколи и мерки за спречување на ширење на вирусот, како и првиот пат кога се инфицирале.
Министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, денеска рече дека случајот се испитува.
На што се должи тоа, сега во овој момент науката сѐ уште не одговорила со сигурност. Има некои иницијални докази дека станува збор за некаква форма на мутација на вирусот. Каква е таа форма, дали е силно или послабо изразена, сѐ уште нема докази. Но дефинитивно има потврда дека има појава на рецивидна болест“, изјави Филипче.