Германската финансиско-технолошка компанија „Wirecard“ се најде во центарот на невиден скандал поради исчезнувањето на речиси две милијарди евра, што го натера извршниот директор Михаел Браун да поднесе оставка.
Некогашната омилена меѓу инвеститорите компанија во 2018 година по пазарната капитализација ги надмина гигантите како „Deutsche Bank“ и „Commerzbank“ и е излистана во индексот на франкфуртската берза DAX, сигнализирајќи го продорот на финансиско-технолошките компаии во просторот кој дотогаш беше резервиран само за традиционалните кредитори.
Во моментов на воведувањето на „Wirecard“ во индексот DAX во септември 2018 година, пазарната капитиализација изнесуваше 23 милијарди евра, а на „„Deutsche Bank“ 20,5 милијарди евра. Во тоа време компанијата беше третата според вредноста финансиска групација на германскиот пазар на акции, по осигурителните гиганти „Allianz“ и „Munich Re“.
„Wirecard“ е основана во 1999 година во предградие на Минхен, во моментот на кулминацијата на балонот на интернет компаниите, а се специјализираше за дигитални плаќања.
Во четвртокот беа присилени да ја одложат објавата на деловните резултатите за минатата 2019 година, откако ревизорската куќа „Ernst & Young“ предупреди дека не може да најде докази за депозити во вредност од 1,9 милијарди евра.
Ревизорот открил знаци дека управителите на жиро-сметките односно нивната банка доставиле „неточни потврди за билансот“. Износите во овие сметки одговарале речиси четвртина на билансот на „Wirecard“. Од компанијата на ревизорот му откриле дека управилетите на жиро-сметките доставиле „неточни потврди за билансот“. Износите на тие сметки одгвараале на четвртина од билансот на „Wirecard“..
Од компанијата, исто така, на ревизорот му одговориле дека можеби се жртва на измама. Не навеле поединости каде можеле да исчезнат парите, а акционерите ги улашија сооштенијата на филипинските банки BDO и BPI дека на ниеден начин не се вмешани во скандал.
„Документот во кој се тврди дека ‘Wirecard’ има сметка во BDO е фалсификат, потисите на службениците на банката на него се фалсификувани“, соопшти оваа филипинска банка.
И од BPI известија дека „Wirecard“ не е нивен клиент. „Нивниот надворешен ревизор ни го покажа документот на кој стои дека се наш клиент. Утврдивме дека документот е фалсификуван. Продолжуваме со истрагата за овој случај“, соопшти и оваа филипинска банка.
Извршниот директор на „Wirecard“, Маркус Браун, поднесе во петокот иставка, а канцеларијата на државниот обвинител во Минхен разгледува уште една истрага за матните работеи во „Wirecard“ коишто многу темелно ќе ги прочешла и реголаторот за финансискиот сектор BaFin.
Инаку „Wirecard“ е веќе под истрага поради сомнежи дека членовиет на управата на инвестриторите им давале неточни информаци ии смоневања дека се можеби жртва на пазарна манипулација.