Цените на нафтата повторно во пораст

Цените на нафтата на светскиот пазар од вчера се зголемуваат, бидејќи ОПЕК и другите производители склучуваат договор за рекордно дневно намалување на производството.

Од почетокот на годината, цената на суровата нафтата „брент“ од Северното Море паднаа за скоро 60 проценти и го достигнаа своето најниско ниво во изминатите 21 година, откако побарувачката опадна како резултат на пандемијата со коронавирусот.

Во Лондон цената на „брент“ суровата нафта е зголемена за 14 центи или 0,5 проценти и сега е 26,62 долари за барел.

Во Њујорк, цените на суровата нафта се зголемија за 1,18 долари или 6,3 проценти, на 20,02 долари за барел.

ОПЕК и другите производители на нафта, вклучително и Русија, се согласија да го намалат дневното производство за 9,7 милиони барели заклучно со 1 мај.