Хари Костов: Банките се столб на финансиската стабилност, тие мора да се грижат за своите штедачи и акционери

Во ексклузивно интервју за Фактор главниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка Хари Костов, објаснува дека банките се столб на финансиската стабилности во државата.

-Банките мора да ја задржат својата сигурност и стабилност, зошто после кризата државата ќе се повлече од директната помош на населението и стопанството, и повторно банките ќе бидат тие кои ќе треба да обезбедат нова кредитна подршка на овие сектори. Токму затоа, на пример, во Србија уредбата со која се регулира ова прашање за одлагање на обврските на граѓаните за три месеци, се вика Одлука за привремените мерки за зачувување на стабилноста на финансискиот систем. Значи, не е поентата да не се пресметуваат или да се отпишуваат камати и кредити од населението и со тоа да се загрози стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем, туку напротив, поентата е да се одржи стабилноста на финансискиот систем за да може тој да им помогне на стопанството и населението во овој кризан период, но и потоа при обновата на стопанските текови, истакнува Костов во интервјуто.

Тој додава дека штедните влогови на граѓаните и на компаниите, нивната сопственост и имот се сигурни и безбедни, дециден е првиот човек на најголемата банка во земјава.

Целото интервју со привот човек на Комерцијална банка да го прочитате на Фактор.