По огромниот пад на светските берзи каков што не се памети од финансиската криза од 2008 година, денес берзите во Европа денот го започнуваат со раст на цените на акциите.
Њујоршката берза вчера го преживеа најлошиот ден од светската финансиска криза во 2008 година. Основните индекси на Волстрит загубија по повеќе од седум проценти од вредноста како резултат на падот на цените на нафтата и ширењето на новиот коронавирус. Акциите на петте најголеми технолошки компании во САД вчера поевтинија вкупно за повеќе од 320 милијарди долари.
И Македонската берза вчера не остана имуна на светските случувања и забележа пад на вредноста на индексот МБИ 10 за неверојатни 5,86 проценти. Охрабрувачки делува што денес берзите во Европа денот го започнаа со раст на цените на акциите. Индексите во Британија, Италија, Германија бележат раст од околу 1 % .
Дел од аналитичарите предвидуваат дека кризата со коронавирусот не може да наштети на светската економија како финансиската криза во 2008 година.