(ФОТО) БМВ го менува своето лого, еве како изгледаше низ годините

Германскиот авто гигант БМВ го менува логото со што сака да се приближи до помладите клиенти што се пораснати во дигиталното време.

-Стариот црн прстен е „тргнат“ за првпат, а новото лого симболизира мобилност и уживање во возењето. Тоа го изјави Јенс Тимер потпретседател во БМВ.

Паралелно со главното лого ќе се модернизира и логотипот на М-одделението како и електричните верзии со лого „И“.

За сите заеднички е дводимензионалнот пристап што по мислење на компанијата изгледа многу помодерно.