Германското здружение на потрошувачи и компанијата Фолксваген постигнаа договор со кој овој производител ќе треба да плати 830 милиони евра отштета на клиентите за „валканите дизел автомобили“.
Ова значи дека повеќе од 260.000 лица ќе бидат обесштетени и „пакетите“ ќе се движат од 1.350 до 6.858 евра, што според Здружението на потрошувачи е околу 15% од првичната цена.
Ако купувачот не е задоволен од порамнувањето, тој може да го одбие пакетот и да оди на суд на свој трошок, но ова сепак беше најбрзо и безбедно решение.
Купувачите мора да одлучат до 20 април
Купувачите треба да донесат одлука до 20 април 2020 година, но во секое време можат да го контактираат својот адвокат, а Фолксваген ќе ги покрие овие трошоци, но не повеќе од 190 евра, само доколку купувачот избере да ја прифати спогодбата.
Пакетот за компензација се однесува на германските жители кои купиле автомобили „Фолксваген“ со дизел мотори најдоцна до 31 декември 2015 година и ќе добијат писмо од „Фолксваген“ во кое објаснуваат сè, како и ПИН-код што ќе обезбеди специфични информации за пакетот на Интернет страница на компанијата.