11 придобивки од зелениот чај

Picture of woman drinking herbal tea (green tea) from Alamy

Зелениот чај е еден од најздравите пијалоци на планетата. Богат е со антиоксиданти и хранливи материи кои имаат моќни ефекти врз организмот. Ефектите вклучуваат подобрена функција на мозокот, губење на маснотии, помал ризик од карцином и многу други импресивни придобивки. Подолу се дадени 11 здравствени придобивки од зелениот чај кои се поддржани од студиите.

1. Ја ревитализира кожата, штити од акни, ја подобрува концентрацијата.

2. Соединенијата во зелениот чај можат да ја подобрат функцијата на мозокот и да ве направат попаметни .

3. Зелениот чај го зголемува согорувањето на мастите и ги подобрува физичките перформанси.

4.Антиоксидансите во зелениот чај може да го намалат ризикот од некои видови на карцином.

5. Зелениот чај може да го заштити вашиот мозок во старост, намалувајќи го ризикот од Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

6.Зелениот чај може да убие бактерии, што го подобрува здравјето на забите и го намалува ризикот од инфекција.

7. Зелениот чај може да го намали ризикот од дијабетес тип 2.

8. Зелениот чај може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

9. Зелениот чај може да ви помогне да изгубите тежина и да го намалите ризикот од дебелина.

10. Зелениот чај може да ви помогне да живеете подолго.

11. Тоа ќе ви помогне зa стимулирање на имунолошкиот систем и метаболизмот.

Сепак покрај бројните позитивни ефекти, зелениот чај има и негативни ефекти и истиот не се препорачува кај епилептичари, луѓе алергични на кофеин, кај луѓе кои имаат срцеви аритмии и кај оние кои патат од несоница, затоа што прекумерната консумација на чајот има ист ефект како и предозирање со енергетски пијалоци и истиот треба да се пие умерено.