Состојки:
– 3 големи праски
– 2 јајца
– 200 мл јогурт
– половина чаша шеќер
– половина чаша масло
– 2 чаши остро брашно
– 1 прашок за пециво
Подготовка:
Измијте ги праските, излупете ги и исечете ги на помали парчиња. Доколку имате локални праски кои не се прскани, не треба да ги лупите, слободно употребете ги со кора.
Измешајте го брашното со прашок за пециво и просејте во сад. Во друг сад се додаваат јајцата и шеќерот и се меша со миксер околу пет минути, додека смесата не стане светложолта и густа.
Потоа додадете го маслото малку по малку и нежно измешајте со најмала брзина. Додадете го јогуртот во садот и измешајте го со остатокот од смесата со рака со шпатула или жица за матење. На крајот додадете го просеаното брашно и прашокот за пециво и нежно измешајте додека се се соедини.
Садот за печење намачкајте го со малку масло и посипете го со брашно. Истурете ја смесата во тавата и одозгора ставете ги исечените праски.
Печете го колачот на температура од 180 степени околу 30 и 40 минути. Кога ќе се испече, оставете го колачот да се излади, па исечете го. По желба посипете со шеќер во прав и послужете.