Синоќа во Македонија не се дишеше

Синоќа во државава скоро насекаде воздухот беше енормно загаден. Во 00:00 часот најзагадено беше во Битола, Тетово, Скопје и Струмица. Во Аеродром и Лисиче мерните станици не работеа, на што граѓаните бурно реагираа по социјалните мрежи и се жалеа на прекумерната загаденост и нечистиот воздух во нивните места. Погледнете ги мерењата од најзагадените градови: