Романтики во Италијанскиот парламент: Пратеник на седница ја запроси својата девојка

Пратеникот од партијата „Лига за север“ ја запроси својата долгогодишна девојка на седница на Парламентот, откако се јавил за збор за мерките за помош на централните италијански региони погодени од земјотреси во 2016 година, отишол до говорницата и на изненадување на пратениците извадил прстен и ја запросил својата колешка.

„Зборувам кон галеријата за да кажам: Елиса, дали би се омажила за мене?“,изјавил Ди Муро.

Потоа сите пратеници станале и со аплауз го поздравиле овој симпатичен пчин на нивниот колега.

Но, претседателот на Парламентот сепак  немал толку разбирање како останатите пратеници  и имал негативен коментар за потегот на Ди Муро.