Ѓоковиќ го освои својот 17-ти Гренд Слем турнир и преку 4 милиони долари

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес ја одбрани титулата на Австралија опен. Тој во финалето го совлада Доминик Темим со 3-2 во сетови.

Со оваа победа Ѓоковиќ инкасира и 4.12 милиони долари, а неговиот противник дупло помалку.

Финалето на првиот гренслем турнир во сезоната во Мелбурн го одиграа Ѓоковиќ и Тејм, вториот и петтиот рекет на светот.

Ѓоковиќ, кој беше лански победник и го потврди рекордот со осум титули на Австралија опен, славеше против Теим по пет сета и скоро четири часа игра, постигнувајќи 6:4, 4:6, 2:6, 6:3 и 6:4.

Финалето во Мелбурн беше 11-ти натпревар меѓу ови двајца тенисери. Ѓоковиќ го освои својот 17-ти Гренд Слем турнир во кариерата, а ова беше и 26-то финале на грен слем финале на Ноле.

Србинот сега е уште поблиску до Роџер Федерер со 20 титули и Рафаел Надал со 19.