Според Финансискиот план за 2020 година Комерцијална банка, добивката пред оданочување планира да изнесува 1.961 милион денари, во услови на планиран намален износ на нето исправка на вредност на финансиските средства за 5%. Тоа се околу 31,8 милиони евра планирана добивка за 2020 година.
Вкупната актива на Банката во 2020 година се планира да се зголеми за 3,8% и ќе изнесува околу 2 милијарди евра.
Нето-приходите од камата се очекува да забележат зголемување од околу 2,6% во однос на 2019 година при планиран умерен пораст на кредитите и депозити и постојни каматни стапки, при што нето каматната маржа е проектирана на околу 2,5% на годишно ниво.
Останатите приходи (кои ги сочинуваат нето-приходите од надомести и провизии, нето курсни разлики, нето-приходи од работа со хартии од вредност, приходи од капитални вложувања и капитална добивка, приходите од минати години, приходите по основ на девизно работење, други и вонредни приходи) се планира да бидат помали за околу 8%, пред се поради помал износ на планирани капитални добивки од продажба на преземен имот.