“Wizz Air ги информира своите клиенти дека и покрај тоа што денес на полноќ, Велика Британија ја напушта Европската Унија, тоа нема да влијае врз одвивањето на летовите од Македонија кон Велика Британија.
Во следните 11 месеци (до 21 Декември 2020), Велика Британија ќе продолжи да ги следи правилата и регулативите на Европската Унија и со тоа нема да има никакви промени во начинот на кој ќе патувате кон и од Велика Британија во овој период.”, информираат од компанијата.