Фондот за иновации и технолошки развој со 6 милиони денари, по трет ќе ги поддржува основците и средношколците да станат млади истражувачи преку јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи„ кој беше објавен денеска.
Претставници од Фондот пред учениците ги претставија условите за аплицирање. Прифатливи ќе бидат проектите од областа на природните и техничките науки кои би се реализирале за максимум 6 месеци.
Заинтересираните имаат рок до 16ти март да ги пријават своите проекти online, а потоа комисија од Фондот ќе ги разгледува и оценува. Ќе се земе предвид и составот на тимот – родовата застапеноста, возраста и етничката припадност.
Секој тим може да добие максимум 300 илјади денари плус дополнителни 30 илјади денари за менторите. Преку овој проект, Фондот досега има поддржано 54 училишта.