(ФОТО) Мајка на четири деца победи на натпреварот за убавина на мажени жени

Ксенија Вербицкаја од Санкт Петербург победи на натпреварот во убавина за мажени жени, Mrs Universal Classic, што се одржа во Софија, Бугарија, пренесува Russia Beyond.

Ксенија е гинеколог во локалната болница. Има четири деца: три девојчиња и едно момче на возраст од три до 16 години.

https://www.instagram.com/p/B6tFfhkJzoj/?igshid=mh2vfpvg2c1k

Во 2019 година таа беше прогласена за најубавата омажена Русинка на натпревар во Санкт Петербург и на тој начин се стекна со правото да ја претставува својата земја на финалниот натпревар од 19 до 21 јануари.