За еден час работа работниците во Македонија 2018 година биле плаќани 3,2 евра. Притоа, мажите биле повеќе платени од жените. Па така, мажите добивале 3,5 евра а жените 2,9 евра. Ова значи дека годишната просечна бруто заработувачка за минатата година изнесувала 7218 евра, која кај мажите била 7811 евра, а кај жените 6504 евра, се вели во Извештајот за структурата на заработувачката на вработените за 2018 година на ДЗС.
Во Извештајот од Анкетата за структурата на заработувачката на Заводот за статистика годишната бруто-заработувачка за таа година кај мажите на неопределено време изнесувала 8111 евра, а кај жените 6806 евра. Кај мажите на определено време тој број е малку повеќе од 6829 евра, а кај жените 5622 евра.
Целиот извештај можете да го погледнете тука.