Еве како компаниите можат да ги задржат најдобрите вработени

Платите не се секогаш доволна мотивација за вработените, дури и кога се над просекот. Просперитетните и иновативни компании со цел да ги задржат своите најдобри и најквалитетни работници им нудат нов мотив за да останат во фирмата и да дадат уште поголем придонес, а тоа е удел во компанијата.

Оваа мерка за задржување на најдобриот кадар е мерка која регионалните компании ја копираат од компаниите од Силиконската долина, а истата треба да им помогне на компаниите кои работат пред се во информатичката индустрија да го задржат најскапиот и највредниот персонал, бидејќи во последно време се почеста е појавата на одлив на стручен кадар, пред се во ИТ секторот.

На овој начин, компаниите ги стимулираат своите вработени да ги извршуваат своите работни задачи помотивирано, да воведуваат новитети и иновативни идеи и со тоа да ја зголемат вредноста на компанијата.

Овој метод на стимулација особено се покажа како ефикасен во компаниите од областа на информатичката технологија кои имаат ограничени ресурси во почетната фаза на работење. Од друга страна, овие компании имаат голем потенцијал за брз раст, така што вработените во овие компании имаат потенцијал да остварат прилично голем профит во случај на продажба на своите удели што ги стекнале за релативно евтини пари во почетната фаза на работењето на компанијата.

Извор: Банкарнство.мк