Тајфунот направи хаос во Пекинг: 11 мртви, 27 исчезнати

Најмалку 11 лица ги загубија животите, а 27 се водат како исчезнати, откако обилните дождови го зафатија Пекинг, а на помош на жителите им пријде и војската.

Пожарникарите вчера спасиле маж од кинескиот град Вуан кој бил носен заедно со автомобилот од поплавите што се случија откако тајфунот Доксури донесе обилни врнежи во Кина.

Воени хеликоптери се префрлени за да доставуваат залихи на патниците заробени во возовите по силната бура што го опустоши кинескиот главен град.

Бурата Доксури најпрво ги погоди Филипините со јачина на супертајфун, а потоа во петокот го продолжи патот кон север кон Кина и ја погоди јужната кинеска провинција Фуџијан, од која беа евакуирани стотици илјади луѓе.

https://twitter.com/Top_Disaster/status/1686239396385972224