Нов напад со дронови врз Москва: Цел е истата зграда како во неделата

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека синоќа биле лансирани две украински беспилотни летала врз објекти во руската престолнина. Тие биле соборени, а еден удрил во зградата.

Станува збор за зградата која беше погодена во неделата во напад со дрон. Руското Министерство за одбрана, исто така, објави дека две беспилотни летала биле соборени над одбранбените системи во областите Одинцово и Нарофомински во непосредна близина на Москва. Еден се урнал во градот, пренесува агенцијата Тас.