Бензема со нова магија го израдува Ал Итихад

КАРИМ БЕНЗЕМА (35) брилијантно го реши вториот натпревар за саудискиот Ал Итихад.

Откако постигна гол и асистенција во првата победа над туниски Есперанс (2:1) во Купот на арапските шампиони, во истото натпреварување постигна многу убав гол за победа од 1:0 против исто така тунискиот клуб Сфаксиен.

Во првото полувреме мируваа мрежите, по што Бензема во 63. минута погоди за нова радост на Ал Итихад, кој го оствари вториот триумф во Арапскиот куп.

Бензема беше најзаслужен и за победата во првиот меч, откако постигна гол и запиша асистенција за неговиот нов клуб