Путин: Мировните преговори сега се невозможни

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја не ги отфрла мировните преговори со Украина, но дека тие се невозможни во оваа ситуациja.

По средбата со африканските лидери во Санкт Петербург, Путин изјави дека африканските и кинеските мировни иницијативи можат да послужат како добра основа за понатамошни разговори, но дека сега за нив нема услови.

– Украинската армија е во офанзива, тие напаѓаат и спроведуваат голема стратешка офанзивна операција. Не можеме да прекинеме со огнот кога ќе не нападнат, рече Путин.

И покрај тоа, Русија остава простор и шанса да седне на преговарачка маса, рече Путин.

– Не ги одбивме. За да започне овој процес, треба да има договор од двете страни, рече тој.

Зборувајќи за повлекувањето на руската армија од Киев, Путин додаде дека Украинците ги измамиле.

– Во суштина, нацрт на овој мировен договор беше договорен, но по повлекувањето на нашите војници од околината на Киев, за што беше побарано да создадеме услови за склучување конечен договор, властите на Киев ги отфрлија сите претходни договори, рече Путин.