Пиромани во Италија подметнале шест од десет пожари

Според оценката на Колдирети, италијанската национална конфедерација на директни производители, шест од 10 пожари што избувнаа во Сицилија, Пуља, Калабрија се дело на пиромани.

По снимки направени со дронови идентификувани се неколкумина за време на сомнителна прошетка по шуми, или на полиња со сува трева, потоа се приведени и истрагата ќе покаже дали припаѓаат на друга категорија криминалци, или се патолошки типови кои предизвикуваат пожари. Има дури и видео од човек кој запали оган и потоа го гаѓа со камења дронот над него.

Сега, врз основа на спроведените истражувања и изработката на картата за развој на пожари, може да се утврди дека тоа главно го правеле луѓе координирани во неколку зони истовремено, а во попладневните часови, кога со почетокот на темнината, пристапот до пожарникари, или средства за гаснење е тежок.

Беспилотните летала, особено по првите вакви симултани акции на избувнување пожари, прелетаа низ различни зони, особено околината на Палермо и шумскиот дел во Калабрија. Претседателот на регионот Калабрија, Роберто Очиуто, на 24 јули објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа пироман во акција. Би било комично да го погледнете видеото, да не беше трагичниот биланс на уништен имот, со четири човечки жртви во два региона. На друго видео, човек пали оган, а потоа забележува дрон над него и се обидува да го собори со фрлање камења.