Милионер кој се занимаваше со криптовалути убиен во Аргентина

Fernando Pérez Algaba

Деца во аргентинскиот град Ингениеро Баџ пронајдоа делови од телото на исчезнатиот 41-годишен инфлуенсер и крипто милионер Фернандо Перез Алгаба минатата недела, а полицијата почна истрага за неговото убиство, пишува „Њујорк пост“.

Ужасниот случај излезе на виделина откако децата пронајдоа црвен куфер исполнет со делови од телото во неделата додека си играле покрај поток во градот Ингениеро Баја, провинцијата Буенос Аирес.

Родителите на децата ја известиле полицијата која го прегледала куферот и наводно внатре ги пронашла нозете и подлактицата на жртвата, а во потокот уште една цела рака.

Три дена подоцна, главата и торзото биле откриени, објави Ел Паис.

Делови од телото се целосно ампутирани, што укажува на работата на професионалци, објавија локалните медиуми.

Во меѓувреме, последователната обдукција откри дека жртвата била застрелана три пати пред да биде распарчена.

Бизнисменот собра милиони со изнајмување луксузни возила и продавање криптовалути, кои често ги рекламираше на своите 900.000 следбеници на Инстаграм.

Се вели дека инфлуенсерот, кој живеел во Барселона, Шпанија, бил во Аргентина една недела пред неговото наводно убиство.

Алгаба наводно го изнајмил станот и требало да ги врати клучевите на 19 јули, но не се појавил и не се јавил на телефон.

Полицијата уапси осомничен за смртта на Алгаба.