Дел од скопската населба Тафталиџе без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (петок) поради уличен дефект ф-100мм на ул. Варшавска 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Варшавска, Хелсинки, Мексичка, Хаванска, Виенска и Ташкентска (населба Тафталиџе).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.