Вработените во зоолошката градина во Охајо во Америка биле изненадени кога откриле дека горила за која четири години мислеле дека е мажјак родила младенче.
Од ЗОО велат дека Сали, која е со нив од 2019 година, била пронајдена со бебе во рацете минатата недела.
Тие на социјалните мрежи објавија дека новороденчето „изгледа здраво“, а Сали веќе е одлична мајка.
Токму поради тоа што досега беше во добра здравствена состојба, Сали ретко одеше на прегледи на ветеринар, што доведе до недоразбирања за полот.
Раѓањето беше „неочекувано, но и возбудливо за тимот што се грижи за нив и важно за зачувување на овој критично загрозен вид“, велат чуварите на парковите.
Ништо не се посомневале додека не го виделе „мажјакот“ како го ниша бебето.
„Тешко е да се одреди полот на младите горили“, велат тие.
На осум години, Сали е доволно зрела да се размножува, но се уште е премногу млада за да покаже јасни сексуални карактеристики, додаваат тие.
„До околу осумгодишна возраст, машките и женските горили се слични по големина и немаат изразени полови органи.
„Мажјаците не се развиваат… нивните грбови стануваат сребрени по 12-годишна возраст или подоцна“.
Горилите обично дури и не покажуваат бременост, бидејќи имаат голем долен дел на стомакот, а младенчињата се многу помали од човечките бебиња.