Непозната девојка отпатува до езерото Тахо во Америка, каде наишла на проблем кој не го очекувала.
Имено, нејзиниот автомобил бил паркиран кога мечката влегла во него и некако успеала да се заклучи, а потоа почнача да се нервира кога сфатила дека не може да излезе, па почнала да уништува се околу себе.
Сето тоа е снимено и видеото е објавено на социјалните мрежи. На видеото се гледаат збунети и исплашени луѓе како ја гледаат подеднакво збунетата и исплашена мечка која се обидува да излезе од Toyota Corolla во која се заклучила. Мечката почнува да го кине тапацирот во внатрешноста на автомобилот, пластиката и изолацијата од вратата и другите делови. Она што не е видливо на видеото веројатно е исто толку подеднакво лошо за сопственикот: од страв мечката извршила нужда на задното седиште од автомобилот.
@alejandra_n_h Everyone keeps saying they wouldnt have believe it happened but because its me theyre not surprised. #weekendgetaway #storytime #laketahoe #laketahoebear
За среќа, сопственикот и другите кои ја забележале оваа необична глетка не се обиделе сами да ја ослободат мечката, туку повикале полиција. Полицајците набрзо пристигнале, едниот со шипка ја отворил вратата, додека другиот ја држел мечката под пиштол. Веднаш штом била ослободена, мечката набрзина излегла од автомобилот и побегнала кон дивината.