Овен
Се чувствувате изморени од викендот, па немате желба за работа, но сепак ќе мора да ги завршите вашите секојдневни обврски.
Некои Овни ќе добијат најава за покачување на платата поради добрите резултати што ги постигнуваа периодов.
Денес сакате да поминете мирна вечер дома, па искрено ќе му кажете на партнерот дека ви треба малку мир. Иако нема да му се допадне, ќе ја прифати вашата одлука.
Бик
Денес имате можност да воспоставите нови контакти на работа, кои ќе ви бидат од полза во иднина.
Внимавајте на здравјето – ќе бидете чувствителни на студ, па затоа не поминувајте многу време во климатизирани простории.
Вечерва ќе сакате да излезете, па ќе им предложите на пријателите или на партнерот да отидете на прошетка, во кино, или некаде на кафе.
Близнаци
Околу вас се случуваат многу работи, а вие во целиот тој „хаос“, имате желба да бидете сами и никој да не ви пречи.
На работа ќе добиете добри вести и тоа ќе ви ја зголеми самодовербата.
Некои слободни Близнаци ќе почнат летна љубовна авантура.
Рак
На работа се наоѓате во некоја чудна ситуација што не можете да ја дефинирате ни вие. Затоа деновиве размислете пред да кажете нешто.
Ова не е поволен финансиски период за вас – воздржете се од прекумерно трошење и никако не позајмувајте пари од пријателите.
Некои Ракови ќе направат големи отстапките со партнерот, иако тоа нема да им се допадне.
Лав
Денес на работа шефовите ќе бараат нешто од вас, но вие нема да може да ги завршите сите задачи, па тоа ќе ве демотивира.
И покрај тоа, пробајте да се расположите и испланирајте некоја забавна активност – отидете во шопинг, на прошетка, возете велосипед …
Лавовите во врска ќе покажат љубомора кон партнерот. Дали имате причина за тоа?
Девица
На работа ќе се обидете да ги убедите колегите во нешто, но некои од нив се тврдоглави како вас, па нема да ви успее.
Денес пред да започнете што било, побарајте правен совет и не преземајте никакви ризици.
Слободните Девици ќе решат да направат прв чекор и да пишат на некој што им се допаѓа одамна.
Вага
Добриот хумор ќе ве извлече од некоја непредвидлива ситуација на работното место. За среќа, работите не се толку лоши како што ви делуваше на почетокот.
Денес, направете пауза од шетање, излегување и останување доцна. Ако викендов „претеравте“, време е за одмор – кажете му на партнерот дека мора да го забавите темпото.
Ќе решите некој проблем со парите, иако а тоа ќе ви оди многу тешко.
Скорпија
На работа ќе се издигнете над проблемите, ќе се оддалечите и ова ќе ви помогне да го најдете решението.
Денес некој стар семеен спор ќе излезе на површина и ќе ги разниша односите со најблиските.
Посветете му повеќе време на партнерот, се чувствува запоставен.
Стрелец
Ќе добиете добри вести на работа. Па ако шефот ве викне на разговор не помислувајте веднаш дека сте згрешиле нешто.
Поработете малку на себе и на своето здравје – ако сте залежани, време е да тргнете во теретана, да пешачите или да почнете со каква било физичка активност.
Мирен ден на љубовно поле, без оглед дали сте сингл или во врска.
Јарец
Ќе сакате да им помогнете на некои колеги, но поради нивното однесување, на крајот ќе доживеете разочарување.
Попладнето искористете го за прошетка или да се опуштите некаде покрај вода – базен, езеро, море, река…
Ако сакате да ги видите работите појасно во однос на партнерот, можеби треба малку да се оддалечите.
Водолија
Денес ќе ви се чини дека блиските премногу ви се мешаат во животот, но она што не го
гледате е дека тие само се обидуваат да ви ја покажат нивната љубов кон вас. Не
преувеличувајте и научете се да прифаќате совети без да ги гледате како нешто лошо.
Извадете ги розовите очила кога носите сериозни животни одлуки. Секој игнориран факт може
негативно да се одрази на вашата иднина.
Риби
Денес вашите зборови нема да ја пренесуваат целата приказна која се врти во вашата глава, но
токму тоа ќе ве прави среќни. Ќе ја обожавате таинственоста, мистеријата и загатките кои не
можете лесно да ги решите.
Не се изненадувајте ако ви разбуди романтични чувства личност од која тешко можете да
извлечете информација. Сепак, избегнувајте ги ваквите лица на бизнис план.