Погледнете ја Ким Кардашијан во „American Horror Story“

Љубителите на хорор филмовите наскоро ќе уживаат во новата сезона на „American Horror Story“. Сепак оваа вест не е ниту на половина толку голема и сензационална колку таа дека една од улогите во оваа сезона ја глуми риалити ѕвездата Ким Кардашијан.

Ким поминала низ вистинска трансформација за нејзината улога во најновата сезона на хит серијата и изгледа целосно непрепознатливо во првиот трејлер за 12-та сезона од морничавата серија. Во трејлерот Ким носи долга бела перика и црн фустан, а во рацете држи дете додека во позадина се слуша морничавата верзија на „Rock-A-Bye Baby“.

Нејзината кожа е со бела боја, што е остар контраст со нејзиниот впечатлив црвен кармин и драматични трепки. Нејзините колешки Ема Робертс и Кара Делевињ се облечени во слична облека и наликуваат на безлични фигури, носејќи ја истата бела перика и изведувајќи морничав танц.