Претседателот на Белорусија синоќа пристигна во Москва за да разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин, јавуваат руските медиуми.
Како што соопшти претходно прес-службата на Кремљ, лидерите ќе разговараат за притисоците и проблемите поврзани со „понатамошниот развој на руско-белоруските стратешки односи“ и подлабоката интеграција во рамките на Федералната држава.
Од Минск велат дека ќе разговараат за голем број прашања поврзани со билатералната соработка, безбедноста, актуелните настани на меѓународната сцена, реализацијата на проекти во рамките на Федералната држава и заедничките активности насочени кон сузбивање на незаконските санкции.
Наводно Лукашенко на шега на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин рекол дека платениците од паравојската „Вагнер“, кои ја обучуваат белоруската армија, сакаат да ја преминат границата на Полска, која е членка на НАТО.
„Тимот од Вагнер почнува да не стресува, сака да оди на запад. Да ги посетиме Варшава и Жешов“, рече Лукашенко.
Сепак, нема индикации дека Лукашенко бил сериозен во врска со тоа. По пристигнувањето на борците Вагнер, Полска распореди дополнителни сили на границата со Белорусија.