Украина користела касетна муниција во напад на село на руска територија?

Украинската војска извршила гранитарање со касетна муниција врз селото Ќиуравлевка во Белородската област, обвини во саботата гувернерот на овој руски регион во непосредна близина на границата со Украина.

„Информации за ударите кои вооружените сили на Украина ги нанесоа врз нашиот регион на 21-ви јули: во регионот на Белгород, 21 артилериска граната и три касетни муниции од повеќекратен лансер на ракети“, објави на Telegram, гувернерот Вјачелсав Гладков.

Белгородската област, инаку, е често на артилериски удар на украинските сили, а претходно годинава беше нападната и од диверзантска група од руски неонацисти противници на Кремљ кои се борат на страната на Киев.

Покрај тоа, украинските сили го гранатирале селото Журавливка од минофрлач истрелувајќи десетина проектили а во нападот било користено и беспилотно летало камиказа, додава Гладков.

Во блиското село Шчетиновка, вооружените сили на Украина истрелале девет артилериски гранати и испукаа два фрлачи на гранати, како и исфрлија една експлозивна направа од беспилотно летало.

Во ниту едно населено место во регионот нема жртви или штети“, прецизира челникот на регионот.

Во јули американскиот претседател Џо Бајден ја објави одлуката на Белата куќа да го снабдува Киев со касетна муниција. Ваквите гранати се забранети со меѓународна конвенција што ја ратификуваа 123 земји, невклучувајќи ги САД, Украина, Русија и Кина.