Овен
Денес ќе бидете променливо расположени. Наместо да уживате во викендот ќе сакате да завршите некои заостанати работни обврски.
Можни се стомачни проблеми, кои се предизвикани од вашата исхрана – можеби треба да смените нешто.
Вечерва забавувајте се, спојте ги партнерот и пријателите и излезете во ресторан или диско.
Бик
Ќе добиете порака од која ќе дознаете дека ви се исплател напорот на работа што го вложивте минатиот месец.
Бидејќи имате причина за славење, вечерва ќе сакате да излезете и да се расположите.
Ако сте во врска, внимавајте како се однесувате со партнерот – не сакате да го „задушите“ со своето однесување.
Близнаци
Ги сфаќате грешките што сте ги направиле во минатото, но за среќа, околностите ви овозможуваат да ги исправите работите.
Денес најдете време за себе. Одморете се, одете на прошетка, вежбајте, читајте, гледајте филм – што и да ви е мерак.
Слободните Близнаци ќе добијат неочекувана покана за излегување или порака од некој што им се допаѓа одамна.
Рак
Вашиот здрав разум ве води во вистинската насока. Па што и да ве прави среќни во моментов, продолжете така.
Денес разладете се покрај вода – отидете на плажа или покрај базен, што и да имате во близина.
Раковите во врска се среќни со партнерот, но сепак, внимавајте на неговото однесување – можеби има нешто што тој сака да ви каже, а се плаши.
Лав
Ќе знаете како да се справите со проблемите на оние околу вас. Но, внимавајте какви совети им давате.
Денес е можно да имате поголема караница со некој постар член од семејството. Избројте до 10 пред да кажете нешто што не треба.
Сакате да се забавувате, па без оглед дали сте во врска или сингл, вечерва испланирајте некое излегување со партнерот или пријателите.
Девица
Не грижете се премногу за работите на кои не можете да влијаете. Ако се обидете да ги смените, можеби работите ќе тргнат уште на полошо.
Доколку планирате да вложите повеќе пари за реновирање на домот, сега е вистинско време да почнете.
На љубовен план денес ќе биде мирен ден, без оглед дали сте во врска или немате партнер.
Вага
Важно е оние кои не ви се допаѓаат, да не им давате лажни ветувања бидејќи истото може да ви се случи и вам и тоа нема да ви се допаѓа.
Не започнувајте нешто ново денес, особено ако немате доволно време.
Денешниот ден е одличен за средби со пријателите и учество во социјални настани.
Потребно е повеќе време да поминувате надвор и да се движите. Можни проблеми со дишни патишта.
Скорпија
Ќе имате јасна визија и ќе чувствувате дека сте на вистинскиот пат кога станува збор за љубовта.
Можете да разговарате со вашиот шеф за унапредување или за зголемување на платата – постои шанса да постигнете успех.
Некој член на семејството ќе ви соопшти прекрасни вести кои ќе ве изненадат.
Одлично се чувствувате.
Стрелец
За околината ќе бидете привлечни и лесно ќе склопувате нови познанства, кои ќе донесат многу љубовни потенцијали.
Обидете се да размислите многу и да се фокусирате на можностите за професионален развој, а не на она што не ви се допаѓа.
Многумина ви замеруваат дека многу зборувате за своите планови и тоа на лица кои не знаат да ве ценат. Подготвени сте да ја подобрите вашата репутација.
Потребно ви е да се движите повеќе. Можни алергии.
Јарец
Страста и романтиката ќе бидат присутни во текот на целиот ден. Ако тоа го направите правилно, пред вас е ден исполнет со многу љубов и задоволства.
Не грижете се, ако работите не одат како што сте ги планирале. Ѕвездите Ве уверуваат дека сè ќе биде во ред на крајот на денот.
Новите познанства овие денови, во иднина ќе ви донесат позитивни вести.
Здравјето е добро, но внимавајте на стресот.
Водолија
Искористете го овој ден за целодневна посвета на партнерот, а доколку не сте во врска, преземете го првиот чекор!
Доколку се одлучите да започнете сопствен бизнис, ќе успеете да го промовирате повеќе од кога било преку средствата за комуникација, а во комуниациите – знаете веќе – вие сте мајстори!
Ќе сфатите дека дури и негативните настани може да бидат корисни. Тие не учат на лекции кои не можеме да ги научиме на друг начин.
Ќе бидете под стрес, па добро би било да посетувате часови по јога.
Риби
Слободно испитувајте нови нешта, но внимавајте на својата импулсивност. Работите ќе се развиваат на љубовен план, но со исто темпо и ќе исчезнуваат ако не бидете внимателни.
Тешкотии на ова поле не се исклучени особено ако сте веќе „заглавени“ со кредити.
Не надевајте се дека прекинувањето на контактите со некои личности нема да доведе до прекин на односи од кои имате потреба.
Денес нема да се чувствувате баш најдобро, затоа ви е потребен одмор.