акометниот првак на Македонија, екипата на Еурофарм Пелистер веднаш на стартот на подготовките се стационира во Маврово, а бргу по првиот собир е одбран и новиот капитен.
По заминувањето на Мирко Радовиќ, клубот одлучи дека овојпат довербата ќе ја добие домашен ракометар од Македонија. Така, изборот падна на македонскиот репрезентативен пивотмен, Жарко Пешевски. 32-годишникот кој од минатата сезона е дел од таборот на пелистерци е еден од најконстантните во тимот, па така ја доби довербата да биде капитен. Пешевски минатото лето дојде до Штутгарт чиј член беше три сезони, претходно беше дел и од Мотор Запорожје, а во земјава играше за Металург.