Северна Кореја соопшти дека се исполнети условите за употреба на нуклеарно оружје.
Со распоредување на американско стратешко оружје во Јужна Кореја, исполнети се условите на Пјонгјанг за користење нуклеарно оружје“, се наведува во соопштението.
Министерството за одбрана на Северна Кореја ги обвини САД и Јужна Кореја за ескалација на тензиите во регионот, објави државната новинска агенција КЦНА.
Агенцијата наведува дека наводите се однесуваат на американска подморница на нуклеарен погон која пристигна во пристаништето во јужнокорејскиот град Бусан претходно оваа недела.