Жоао Феликс (23) го загуби местото во Атлетико Мадрид по враќањето од шестмесечната позајмица од Челзи. Да потсетиме, Португалецот Феликс е најскапиот играч во историјата на Атлетико, на кој му се приклучи во 2019 година за 127 милиони евра. Сепак, младиот португалски напаѓач не ги оправда големите пари ниту се навикна да тренира во системот на Диего Симеоне, а Челзи не сакаше да го купи на крајот од минатата сезона.
Португалецот сега бара решение, а во последното интервју и се понуди на Барселона: „Би сакал да играм за Барса. Барселона секогаш беше мојот прв избор и би сакал да и се приклучам на Барса како мој следен клуб. Овој клуб е мој сон, од мал, и ако тоа се случи, тоа ќе ми биде остварување на сонот“, изјави Феликс, чии зборови ги пренесе Фабрицио Романо.
Набрзо стигна одговорот на Атлетико Мадрид. Како што пишува шпанскиот весник Ас, Мадрид ќе го пушти Феликс на позајмица во Барселона доколку навистина го сака. Барселона би имала право да го откупи договорот на играчот, а сето тоа е во рамките на финансиските ограничувања што и ги наметна раководството на лигата, пишува Ас.