Драматични поплави во Индија

Нивото на водата на реката Јамуна во северна Индија го достигна највисокото ниво во последните 45 години.

Клучните патишта во главниот град Њу Делхи се поплавени откако на нив се излеа вода од реката, јави Би-Би-Си.

Локалните власти евакуираа илјадници луѓе од блиските ниски области и го пренасочија сообраќајот од главните патишта.

Обилните врнежи за време на сезоната на монсунските дождови од јуни до септември предизвикуваат хаос во Јужна Азија секоја година. Климатските промени, меѓутоа ги зголемуваат интензитетот и зачестеноста на монсунските врнежи, велат експертите. Индиските власти соопштија дека досега во поплавите предизвикани од поројните врнежи во годинешнава монсунска сезона загинале 66 лица.