Кралицата се досадуваше на Вимблдон

Ова биле нејзините пет минути! А, за многумина и очекувано, се појавила во друштво на својата помлада сестра Анабел Елиот. На трибините имало голем број на познати личности.

Претходните години во центар на внимание на Вимблдон, не сметајќи ги натпреварувачите, била принцезата од Велс чии појавувања се очекуваат во наредните денови на завршницата од турнирот, а сега во прв план била Камила која видно го поправила начинот на облекување откако ја доби круната.

Стилистите очигледно си ја знаат својата работа, а фустанот со А крој во којшто се појавила кралицата значително е подобро модно издание во однос на нејзините бројни модни грешки од минатото.

Камила постојано се смеела, а се чинело и како на момент да ѝ било здодевно, а забележани биле и нејзините впечатливи гримаси кои ги правела.

Нејзиниот сопруг Чарлс, познат е по необичните изрази на лицето во јавноста, но кралицата сега го надминала во тоа. И таа изгледала како да сака да се придружи на „лежерните членови на дворецот“ кои Кејт Мидлтон, веројатно под влијание на критиките на Меган Маркл за „стегнатоста“ на кралското семејство, ги предводи.