Автобиографијата на Бритни Спирс е книга од која треба да се плаши американскиот шоубизнис

Поп иконата Бритни Спирс конечно реши да ги израдува своите фанови и го откри датумот на објавување на нејзините мемоари, кои според експертите сигурно ќе предизвикаат хаос.

Имено, автобиографијата на Бритни ќе излезе на 24 октомври. Книгата се вика „The Woman In Me“, наслов инспириран од нејзиниот хит „I’m Not a Girl, Not Yet a Woman“.

-Убедливото сведочење на Бритни на суд го потресе светот, ги смени законите и ја покажа својата сила и храброст, изјави за People Џенифер Бергстром од издавачката куќа „Gallery Books“ која ќе ги објави мемоарите на пејачката.

Во ноември 2021 година, поп пејачката се бореше за прекин на старателството и стави крај на 13-годишната фаза од нејзиниот живот во која секој сегмент, од финансии до облека, беше контролиран од нејзиниот татко Џејми Спирс.

Во најавата на издавачот за мемоарите се вели дека книгата фрла светлина врз трајната моќ на музиката и љубовта и важноста на жената да ја раскажува сопствената приказна по нејзини услови.

„Жената во мене“ е храбра и зачудувачки потресна приказна за слободата, славата, мајчинството, опстанокот, вербата и надежта – се вели во соопштението за медиумите.

Веста дека пејачката подготвува книга се појави во февруари минатата година, кога „Пејџ сикс“ ексклузивно откри дека Бритни потпишала договор за мемоари со Сајмон и Шустер, наводно, заработувајќи дури 15 милиони долари од авторски права. Еден инсајдер тогаш рече дека тоа е вториот најголем договор за издавање на познати личности, зад Мишел и Барак Обама.

Сигурно дека има и такви кои се плашат од оваа книга, а за конечно да го стави сето она што го доживеала на хартија, Бритни ја поттикнале и членовите на нејзиното семејство, пред се нејзината помлада сестра Џејми Лин Спирс. Таа во јануари минатата година објави книга со наслов „Нешта што требаше да ги кажам“ и предизвика големо внимание. Бритни жестоко реагираше, тврдејќи дека книгата на Џејми Лин е полна со лаги.

Во пишувањето на книгата, на Бритни и помогна писателот и новинар Сем Лански. „Њујорк пост“ цитираше друг добронамерен инсајдер кој вели дека книгата ќе биде „инстант бестселер“.