Документот, рачно напишан од пејачката Арета Френклин, пронајден во нејзиниот кауч по нејзината смрт во 2018 година, е валиден тестамент според законот на сојузната држава Мичиген, заклучи денеска поротата на крајот од судскиот процес што доведе до раздор меѓу синовите на „кралицата на соулот“.
Документот што предизвика спор е датиран од 2014 година и бил пронајден во мај 2019 година во нејзиниот дом, а го пронашла нејзината внука Сабрина Овенс.
Првиот документ кој наводно ги содржи нејзините последни желби бил пронајден претходно истата година во нејзината работна соба, но бил датиран од 2010 година.
Судот на Мичиген вели дека документите со „чкртаници“ и тешко читливи пасуси може да се третираат како валидни.
Рачно напишаните документи од самата пејачка беа презентирани на оставинскиот судски процес во Мичиген и ги повикаа блиските роднини на Френлин да учествуваат во исполнување на желбите на славната пејачка околу распределба на нејзиниот вреден имот, а се забележува дека ниту еден од документите не бил подготвен од адвокат.
Според АП, документот од 2014 година фаворизира двајца од нејзините четири сина како управители на нејзиниот имот: Кекалф Френклин и Едвард Френклин. Таа, исто така, ја оставила нејзината куќа во Блумфилд Хилс во наследство на синот Кекалф и неговите деца.
Отсуството на тестамент ги сврте три од нејзините четири сина еден против друг. Нејзиниот најстар син Кларенс е лице со посебни потреби и живее во специјална установа, па затоа не бил вклучен во спорот за имотот.
Тед Вајт Џуниор, нејзиниот трет најмлад син, кој свиреше гитара за време на настапите на пејачката, тврдеше дека документот од 2010 година што беше пронајден во заклучениот кабинет (работна соба на пејачката) треба да се фаворизира пред оној што е најден скриен во каучот.
A jury found that a document handwritten by Aretha Franklin and found in her couch after her 2018 death is a valid will, a critical turn in a dispute that has turned her sons against each other. https://t.co/BE4nyB3nkG
— NBC News (@NBCNews) July 12, 2023