Едноцифрена инфлација за јуни 2023 година. Охрабрувачки податоци за нивото на инфлацијата во земјата објави денеска Државниот завод за стаистистика. Таа се спушти на 9,3 % во јуни 2023 година, забележувајќи скоро 10 п.п. пад во однос на октомври 2022 година (19.8%)
Ваквите податоци укажуваат дека борбата со инфлацијата и мерките што ги презема Владата го даваат очекуваното и инфлацијата од октомври 2022 година се движи во континуитет во надолна линија.
До крајот на годината очекуваме овој тренд да продолжи и да се одржи едоцифрено ниво на инфлацијата, а во наредната година веќе да биде околу 2 %.