Пијте вода пред оброк ако сакате да ослабете

Ако сметате дека имате вишок килограми и не се чувствувате задоволни од својот изглед, постои ефективна тактика за слабеење, а тоа е пиење вода пред оброк.

Консумирањето на половина литар вода околу половина час пред секој оброк им помогнало на лица со прекумерна тежина да изгубат околу 4,3 килограми во период од 12 седмици, констатирале британски истражувачи.

За да дознаат дали навистина ваквата практика има резултати, биле набљудувани 84 возрасни лица кои имале проблем со дебелина. Секој од учесниците добил препораки за исхрана и физичка активност. На половина од нив им било кажано да пијат вода 30 минути пред секој оброк, додека на останатите им било речено да си замислуваат дека стомакот им е полн пред да јадат.

Woman Drinking Water

Според резултатите на крајот на истражувањето, лицата кои пиеле обична вода пред јадење ослабеле со 1,3 килограми повеќе одошто оние кои си замислувале дека се најадени. Лицата кои пиеле вода пред секој оброк ослабеле во просек 4,3 килограми.